Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот боксер Мајк Тајсон повторно ќе влезе во рингот и ќе се соочи со познатиот јутјубер Џејк Пол.
Борбата е закажана за четири месеци, а Тајсон вели дека се плаши, но токму тоа е нешто што го тера напред кон нови предизвици.
„Малку сум чуден затоа што го правам тоа што ме плаши. Се плашев и за борбата со Рој, бев стар и тежок, но сакав да се соочам. Моментално сум преплашен, чувствувам нервоза, но тоа ме турка напред кон нови предизвици и успех“, кажа Тајсон.