Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкото чудо Ерлинг Халанд руши рекорди во Премиерлигата, но тоа не ги спречи критичарите да го нападнат поради слабите настапи во дерби дуелите.
Халанд „исчезна“ во мечот против Реал Мадрид, а потоа се јавија неколку критичари, меѓу кои и Џејми Карагер.
„Халанд е еден од најдобрите стрелци, но не може да се каже дека е фудбалер од светска класа. Сетете се на најдобрите напаѓачи во Премиер лигата во последните 20 години, Анри, Суарез или Кејн. Тие имаа толку големо влијание на своите тимови без разлика дали ќе постигнат гол или не. Халанд не е на нивното ниво и никогаш нема да биде подобар од нив. Погледнете ги последните три натпревари на Халанд против квалитетни противници кога имаше проблеми со Ван Дајк, Салиба и Рудигер“, кажа Карагер.