Алкараз нема да ја брани титулата во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да ја брани титулата која ја освои минатата година во Барселона.

Алкараз почувствувал болка во надлактицата на десната рака, поради што го пропушти и турнирот во Монте Карло.

Шпанецот поради овој потег ќе загуби и 500 бодови на АТП-листата, каде што во моментов се наоѓа на третата позиција зад Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.