Леклер му се закани на Ред Бул пред возбудувањата во Кина

Возачот на Ферари, Шарл Леклер му се закани на Ред Бул дека ќе имаат голема конкуренција на трката за Големата награда на Кина.

Леклер е оптимист пред трката во Кина и смета дека заедно со Ферари може да ја остварат втората победа.

Ферари славеше веќе еднаш оваа сезона, и тоа во Мелбурн кога најбрз беше Карлос Саинц.

„Мислам дека ќе бидеме поблиску до нив“, кажа Леклер.

Трката во Шангај се вози в недела од 9 часот по македонско време.