Барди: Во еден момент бев подобар и од Меси во Шпанија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Енис Барди во интервју за турските медиуми зборуваше за периодот поминат во Шпанија, каде што го носеше дресот на Леванте.

Барди беше одличен изведувач на слободни удари во Шпанија, а имаше и период кога го споредуваа со Лионел Меси.

„Додека играв во Шпанија имав седум гола од 25 слободни удари, додека Меси постигна осум гола од 52 прекини, па така имав многу подобар процент од него. Искрено, ми беше мило што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња“, кажа Барди.