Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го елиминира Баерн Минхен со епски пресврт во завршницата од реваншот во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Гостите од Германија беа незадоволни поради судењето, посебно во финишот кога им беше прекинат напад од кој постигнаа гол.
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти на прес-конференција даде коментар за поплаките од ривалот.
„Баерн се жали на судењето? Во ред, тогаш ние ќе се жалиме за поништениот гол на Начо. Во таа ситуација Кимих симулираше. Офсајд лесно се објаснува, но судијата свирна пред голот и ние прекинавме со игра, тоа е сè“, кажа Анчелоти.