Кога планира Надал да се пензионира?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Рафаел Надал долго време беше надвор од тениските терени, па конечно се врати оваа година за која најави дека ќе биде последна во неговата кариера, но не посочи датум на кој ќе се повлече од спортот.

Многумина очекуваа дека Надал би можел да освои неколку титули пред да се збогува од тенисот, но засега на шпанскиот тенисер му оди многу лошо.

Надал последниот тежок удар го доживеа против Хуберт Хуркач во третото коло од мастерсот во Рим, каде што загуби со 1-6 и 3-6 за само 93 минути.

Ова предизвика голема дискусија на социјалните мрежи, па дел од навивачите на Шпанецот сметаат дека Надал мора да замине наскоро во пензија, а дел од нив сметаат дека тоа ќе се случи по Ролан Гарос без разлика на тоа што поранешниот рекет број еден најави дека ќе игра тенис и по турнирот во Париз.