Реал Мадрид „фрли око“ на еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига, а ќе се бори и за пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ) против Борусија Дортмунд.

Голем број фудбалери во изминатите денови се поврзуваа со трансфер во Мадрид во летниот преоден рок, а еден од нив на листата е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Со завршување на ерата на Јирген Клоп во Ливерпул ќе се случат голем број промени на „Енфилд“, па се очекува дел од играчите да си заминат во следниот период.

Вредноста на Александер-Арнолд изнесува 70 милиони евра, па „кралевите“ во следниот период се очекува да испратат понуда до премиерлигашот.