Поранешен асистент на Гвардиола ќе го тренира Челси


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо го најави новиот тренер на Челси, а тоа треба да биде италијанскиот стратег Енцо Мареска.

Мареска оваа сезона го предводеше Лестер сити до промоција во Премиерлигата, откако поранешниот шампион минатата сезона испадна од елитата.

Италијанецот ја почна кариерата во Англија, односно како тренер на младинскиот состав на Манчестер сити, а потоа работеше и како помошник на Пеп Гвардиола.

Мареска треба да биде замената за аргентинскиот тренер Маурицио Покетино, кој беше отпуштен на крајот на сезоната.