Трабзонспор веќе е минато: Барди добил понуда од Серија А


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше турбулентна сезона со Трабзонспор, но во меѓувреме го привлече интересот на неколку екипи и би можел да замине од Турција.

Барди во јануари имаше понуда од Унион Берлин, но не го комплетираше трансферот, а сега се шпекулира дека ќе се пресели во Торино.

Торино сакаше да го купи Барди и пред неколку години, но не успеа во својата намера, па сега повторно ќе си ја проба среќата.

Барди оваа сезона настапи на 42 натпревари за Трабзонспор и притоа постигна седум голови и шест асистенции.