Нови прогнози: Познат колку ќе паузира Ѓоковиќ по операцијата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше опериран во Париз откако го повреди десното колено на Ролан Гарос.

Првичните прогнози беа дека Ѓоковиќ ќе се врати за три недели, па поради тоа нема да настапи на Вимблдон, но ќе биде подготвен за Олимписките игри (ОИ) во Париз.

„Најважно е што Новак се реши за операција и што очигледно немал посериозни оштетувања на менискусот. Во ваква ситуација може да се очекува негово враќање за три недели. Според мене, за пет до седум дена ќе почне со трчање“, кажа физиотерапевтот Доброслав Мелајац.