Гвардиола ја отпиша Барселона: Таа врата останува затворена!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот тренер Пеп Гвардиола тренираше екипи како Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити со кои освои голем број титули, а новинарите ги интересираше дали ќе се врати во каталонскиот гигант.

Еден од најдобрите тренери во светот има договор на уште една година со „граѓаните“, а истиот не планира да го продолжи, но не сака ниту да се врати во Барселона.

„Да, вратата за Барселона останува затворена“, кажа Гвардиола.