Шчесни ги спакува куферите – ќе брани кај Роналдо во Ал Наср


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо објави дека искусниот голман Војчех Шчесни заминува од Јувентус и се сели во Саудиска Арабија.

Како негова следна дестинација се споменува Ал Наср каде што игра и португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.

Шчесни ја делеше соблекувалната со Роналдо од 2018 до 2021 година, а така најверојатно ќе биде и во иднина.

Јувентус претходно си договори нов голман, односно потпиша со Ди Грегорио од Монца.