Проблеми за Манчестер сити: Една од најголемите ѕвезди сака трансфер во Реал Мадрид


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола во текот на кариерата водеше големи битки против Реал Мадрид, а летово би можел да се соочи повторно против големиот ривал.

Овој пат нема да водат битка на фудбалскиот терен, туку на трансфер-маркетот затоа што Хулијан Алварез сака да потпише за „кралевите“.

Англиските медиуми пишуваат дека Алварез инсистирал на преселба во Мадрид, а наводно имал разговор и со претседателот на шпанскиот тим, Флорентино Перез.

Гвардиола сака да го задржи Алварез во клубот, но тоа нема да биде лесно, иако во наредниот период ќе има разговори со Аргентинецот.