Мбапе ќе игра со скршен нос: Има ли некој идеја за маска?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе го скрши носот во дуелот против Австрија во првото коло од Европското првенство (ЕП).

Докторите го прегледаа Мбапе, по што ја констатираа повредата, но не му препорачаа да оди на операција туку му дозволија да игра со заштитна маска.

Мбапе на социјалните мрежи побара совет од навивачите.

„Има ли некој идеја за маска?“, праша Мбапе.