Лејкерс постави стратег кој никогаш не тренирал тим во НБА


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс пред два месеци го отпушти Дарвин Хем и почна потрага по нов тренер, а изборот падна на Џеј Џеј Редик.

Редик досега не тренирал екипа во НБА-лигата, а во изминатите три сезони работеше како аналитичар на „ЕСПН“.

Раководството на тимот од Лос Анџелес објави дека го избрале Редик поради неговата способност за конекција со кошаркарите и неговата интелигенција.