Шпанија ја елиминира Германија и го испрати Крос во пензија (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските фудбалери триумфираа со 2-1 против Германија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП).

Голот за водство на „црвената фурија“ го постигна Дани Олмо во 51. минута, додека резултатот го израмни Флоријан Вирц во финишот на вториот дел.

Во продолженијата напаѓаа и двете екипи, а до погодок во завршницата стигна Шпанија преку Мерино.