Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвај го освои третото место на Копа Америка откако по пенали ја совлада Канада, а посебна драма се случуваше во финишот на регуларниот дел.
Уругвај поведе со голот на Бентакур во осмата минута, но потоа Канада со погодоците на Коне и Давид стигнаа до пресврт.
Спасител на Уругвај беше Суарез кој погоди во 92. минута и обезбеди продолженија во кои резултатот не се менуваше.
Во пенал-рулетот, Серхио Росе прво го одбрани ударот Коне, а потоа и на Дејвис, па така Уругвај дојде до третото место.