Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Англискиот гигант Манчестер јунајтед наводно е подготвен да го урне трансфер-рекордот за Винисиус Жуниор, односно сака да понуди 180 милиони евра во готово плус 70 милиони во бонуси.
„ИНЕОС“ групацијата реши да го засили премиерлигашот и да донесе квалитетни засилувања со кои ќе може да го вклучи во трката за титулата, а токму затоа претходно ги ангажираа Џошуа Зиркзе и Лени Јоро.
Премиерлигашот веќе преговара и со Мануел Угарте од ПСЖ и наскоро треба да го промовира како ново засилување, по што ќе тргне во најголемата мисија, а тоа е ангажман на Винисиус.
Реал Мадрид не сака лесно да се ослободи од бразилскиот репрезентативец, но би можел да прифати примамлива понуда доколку пристигне од „Олд Трафорд“.