Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро повеќе нема да биде дел од Конференциската лига.
Днипро го освои четвртото место во украинската Премиерлига во минатата сезона, но во меѓувреме се соочи со финансиски проблеми и банкрот, па поради тоа УЕФА мораше да го дисквалификува тимот.
Клубот го напуштија неколку фудбалери, а во меѓувреме не беше пронајден нов спонзор, па сега се повтори сценариото од пред пет години кога се распушти Днипро поради финансиски проблеми.
Днипро играше во финалето на Лига Европа на 27 мај 2015 година, но загуби од шпанскиот гигант Севилја.