Баерн Минхен и ПСЖ „коваат план“ зад грбот на Манчестер јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ангажираше неколку фудбалери ова лето, а планира да ги купи и Матијас де Лихт од Баерн Минхен и Мануел Угарте од ПСЖ, но планот лесно би можел да пропадне.

„Ѓаволите“ испратиле понуда до двете екипи и водат преговори за Де Лихт и Угарте, но клубовите засега не пропуштаат во преговорите.

Во медиумите се појави приказна дека ПСЖ и Баерн „ковале план“ зад грбот на премиерлигашот и би можеле да направат размена токму на овие двајца фудбалери, со тоа што Јунајтед би останал со празни раце.