Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ вчера настапи на 400 метри слободно на Олимписките игри во Париз.
Ѓуретановиќ има само 16 години и беше првиот македонски спортист кој се појави на игрите оваа година, а ја заврши трката со време од четири минути, пет секунди и 38 стотинки.
Иако стигна на целта, сепак заврши како последен со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки.
„Пред трката имав трема, моите години го направија своето. Ова е едно големо искуство за мене“, кажа Ѓуретановиќ.