Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански шампион Наполи се договори со Ромелу Лукаку, но за да го реализира трансферот од Челси најпрво треба да го продаде Виктор Осимен.
Осимен претходно преговараше со ПСЖ, но францускиот шампион не сака да ја плати откупната клаузула и поради тоа трансферот пропадна.
Наполи бара дури 130 милиони евра за услугите на Осимен, па се шпекулира дека би можел напаѓачот да му биде понуден на Челси со тоа што премиерлигашот би требало да се ослободи од Лукаку, но и да доплати одредена сума.
Челси наводно ќе треба да плати уште 100 милиони евра, но и да му даде голема плата на Осимен, меѓутоа засега гигантот не е подготвен на таков потег, но преговорите остануваат отворени меѓу двете страни.