Надал: Алкараз не доживеа неуспех, туку освои сребро против најдобриот во историјата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тони Надал, кој му е вујко на Рафаел Надал, даде коментар за освоениот златен медал од страна на Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри.

Надал кажа дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, а посочи дека Карлос Алкараз не доживеал неуспех на игрите.

„Поразот на Алкараз не е пораз, тој освои сребрен медал против најдобриот играч во историјата. Нашиот тенисер беше поразен во тесен натпревар“, кажа Тони.

Ѓоковиќ го освои првото злато во кариерата и уште еднаш докажа дека е најдобар во историјата.