Контроверзната Имане Келиф го освои златниот медал на ЛОИ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Алжирската боксерка Имане Келиф го освои златниот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ), откако во финалето славеше против Лиу Јанг од Кина.

Келиф на игрите привлече големо внимание откако минатата година имаше забрана за настап на Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска федерација со објаснување дека имала XY хромозоми и вишок тестостерон.

Многумина ја обвинија дека е маж, иако Келиф е родена како женско и тоа ѝ дава право да настапи на ЛОИ, меѓутоа ниту по финалето не стивнуваат реакциите од јавноста.