Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Рудигер е еден од најборбените дефанзивци во Европа, но надвор од теренот е добар човек и тоа го покажа по повредата на 16-годишниот Жоан Мартинез.
Талентираниот дефанзивец имаше подготовки со првиот тим на „кралевите“, но се повреди и поради тоа го чека долга пауза.
Германецот постојано беше покрај Жоан, го посети во болница, а потоа и во неговиот дом и така ги воодушеви навивачите на шпанскиот гигант.
Навивачите се воодушевени со потегот на 31-годишниот германски дефанзивец и го пофалија на социјалните мрежи.
„Ова е неверојатен гест. Рудигер е добар човек“, беа само дел од коментарите.