Синер го освои Синсинати, па најави напад на титулата во Њујорк


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Френсис Тиафо во финалето на мастерсот во Синсинати со 7-6 и 6-2.

Синер продолжи со доминацијата и освои уште еден пехар, иако за време на турнирот се жалеше на повреда на колкот.

Италијанецот е фаворит и за титулата на Ју-Ес Опен, иако ќе има многу поголема конкуренција во Њујорк.

„Ова беше тешка и комплицирана недела. Среќен сум поради победата. И двајцата игравме напорно полуфинале, но задоволен сум што победив. Многу ми значи што доаѓам со оваа титула во Њујорк“, кажа Синер.