Олимписката шампионка Имане Келиф добила над 8.500 навредливи пораки

Меѓународниот олимписки комитет објави дека имало над 8.500 навредливи пораки испратени кон олимписката шампионка Имане Келиф.

Алжирката беше главна тема на социјалните мрежи каде ја обвинија најпрво дека е маж, а потоа дека не смее да се натпреварува на Олимписките игри.

Келиф објави дека нема лесно да ги прифати навредите и најави тужби.