Санчо откри зошто потпишал за Челси


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џејдон Санчо го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Челси, каде што ќе игра на позајмица, по што неговиот договор ќе биде откупен.

Санчо долги години беше желба на „сините“, но никогаш не успеаа да го ангажираат, меѓутоа таква можност им се отвори летово.

„Сакав да дојдам во Челси затоа што тоа е уникатен тим. Мои идоли се Франк Лампард и Дидие Дрогба. Чувството да се дојде во овој клуб е неверојатно“, кажа Санчо.

Санчо не се прослави кај „црвените ѓаволи“, па ќе се обиде да ја оживее кариерата во Лондон.