Реал Мадрид подготвува „бомба“ - 180 милиони евра за Халанд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе неколку пати се поврзува со потписот на Ерлинг Халанд кој со многу успех игра за Манчестер сити.

Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот и поради тоа „кралевите“ сакаат да го купат следното лето, иако веќе го ангажираа Килијан Мбапе.

Норвежанецот наводно е подготвен за такво сценарио, но Реал Мадрид ќе треба да плати 180 милиони евра за потписот на Халанд.

Реал Мадрид најверојатно претходно ќе се ослободи од дел од играчите, меѓу кои е Родриго.