Фудбалер на Челси вреден 50 милиони евра во немилост на тренерот Мареска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Енцо Мареска има јасни ставови кон одредени фудбалери на премиерлигашот, па еден од нив е целосно отпишан.

Левиот бек Бен Чилвел не е во плановите на Мареска, кој претходно најави дека ќе го отстрани од екипата ако не си замине во летниот преоден рок.

Челси му бараше нов тим на Чилвел во Турција и Саудиска Арабија, меѓутоа Англичанеот не сакаше да го напушти гигантот од Лондон.

Чилвел пристигна во Лондон во 2020 година од Лестер за 50 милиони евра, а досега постигна девет голови и 12 асистенции за „сините“.