Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Хајдук, Иван Билиќ одржал состанок со тренерот Џенаро Гатузо.
Екипата минува низ турбулентен период поради отказот на Никола Калиниќ, кој доби поддршка од тренерот Гатузо.
Гатузо имал вонреден состанок со Билиќ, кој траел час и половина, а се разговарало за актуелни теми и биле надминати сите недоразбирања.
Хајдук во моментов е на делба на првата позиција со Риека, додека Динамо Загреб има еден бод помалку.