Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Јувентус и Астон вила тргнаа победнички во новата сезона на Лигата на шампиони (ЛШ), откако калчолигашот славеше против ПСВ со 3-1, додека премиерлигашот беше подобар од Јанг бојс со 3-0.
Головите за победа на Јувентус ги постигнаа Кенан Јилдиз и Винстон Меккени во првото полувреме и Николас Гонзалес во вториот дел, додека ПСВ погоди во финишот преку Исмаел Саибари.
Астон вила славеше со погодоците на Јури Тилеманс, Џејкоб Рамзи и Амаду Онана.