Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кажа дека би му било мило неговата репрезентација да добие помош од Рафаел Надал на Дејвис Купот.
Алкараз се надева дека повторно ќе игра во двојки со Надал во завршницата на Дејвис купот каде што ќе се обидат со Шпанија да станат шампиони.
„Кога го објавија составот и видов дека доаѓа Рафа, бев многу среќен што повторно ја делам соблекувалната со него. На Лејвер Купот сите се блиски, тоа ќе ми беше посебно искуство. Ќе ми недостига, но се надевам дека Надал ќе ни помогне во Дејвис Купот“, кажа Алкараз.