Откриена причината за лошата форма на Влаховиќ


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ игра лошо во изминатиот период, а италијанскиот медиум „Тутоспорт“ ја објави причината за неговата катастрофална форма.

Според медиумот, причина за лошата форма на Влаховиќ е љубовната врска со ања Богдановиќ.

„Врската на Душан со Вања е во криза и постои можност тие да се разделиле. Фудбалерот на Јувентус ги избришал сите заеднички фотографии“, објави весникот.

Влаховиќ оваа сезона постигна само два гола, и тоа дури на 26 август, односно нема постигнато погодок цел месец.