Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полскиот голман Војчех Шчесни ќе ја засили Барселона по повредата на Марк Андре Тер Штеген, а ова му оди во прилог и на поранешниот италијански шампион Јувентус.
Јувентус и Шчесни се договорија да ја завршат соработката една година пред да заврши договорот, па поради тоа Полјакот требаше да добие четири милиони евра.
„Старата дама“, сепак, во договорот со Шчесни имала клаузула со која ќе се спаси од такво сценарио затоа што полскиот чувар на мрежата се враќа од пензија.