„Моите родители ја продадоа куќата за да возам во Формула 1“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во изминатите години немаше премногу промени во однос на нови возачи во Формула 1, па затоа е тешко за младите и талентирани возачи да влезат во мотоспортот.

Во четвртокот, Рејсинг булс го отпуштија Даниел Рикардо, а потоа соопштија дека нивни возач до крај на сезоната ќе биде Лиам Лосон од Нов Зеланд.

Лосон откри дека имал голема желба да вози во Формула 1, па дури и неговите родители решиле да ја продадат куќата за да му помогнат.

„Моите родители се жртвуваа, посебно во раните години со картингот. Ја продадоа куќата за да можам да се натпреварувам. Ми дадоа сè за да продолжам“, откри Лосон.