Претседателот на ФФМ претепан од маскирани лица во Скопје

Максирани лица го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини во Скопје, објави „Алсат“.

Информацијата за медиумот ја потврдил и портпаролот на Федерацијата, кој открил дека Сејдини бил нападнат додека го напуштал ресторанот по работен состанок.

Засега не се откриваат повеќе детали за инцидентот во Скопје.