Флик: Јас сум виновен за поразот од Осасуна, но мораше да ги одмориме фудбалерите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона го загуби првиот меч оваа сезона под водство на тренерот Ханси Флик, откако одигра катастрофален меч на гости кај Осасуна во Памплона (2-4).

Тренерот Ханси Флик направи голем број промени и го потцени составот на Осасуна, а тоа скапо ги чинеше Каталонците на крајот на мечот.

„Мора да го прифатиме поразот, затоа што не игравме добро. Ако мора некого да нападнете, тогаш обвинете ме мене. Јас направив грешки и виновен сум за поразот од Осасуна, но мораше да ги одмориме фудбалерите кои чувствуваа замор“, кажа Флик.

Барселона е лидер во шпанската Ла Лига со 21 бод по осум одиграни натпревари.