Алкараз му направи услуга на Ѓоковиќ со пласманот во финале во Пекинг


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против Данил Медведев во полуфиналето на турнирот во Пекинг и му направи услуга на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, благодарение на победата на Шпанецот, ќе остане на четвртата позиција на АТП-листата затоа што Медведев не успеа да освои дополнителни бодови.

Медведев имаше шанса да го премине Србинот на ранг-листата, но за тоа ќе мораше да го освои турнирот во Пекинг.