Порака од култниот „жолт ѕид“ во Дортмунд: УЕФА мафија! (Фото)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Навивачите на Борусија поставија транспарент со натписот „УЕФА мафија“ во убедливата победа над Селтик во второто коло на Лигата на шампионите во Дортмунд.

Под кореографијата со фраза која често се појавуваше на северната трибина на стадионот на Црвена звезда, беше закачена порака на англиски:

„Не се грижите за спортот, сè што ве интересира се парите.“

Над главната порака беше поставено знаме со испишана веб-адреса на германски со текст „не за реформата на Лигата на шампионите“.

Присутните на култниот „жолт ѕид“ на стадионот „Вестфален“ изразија незадоволство во вторникот вечерта од промените во европскиот фудбал, но уживаа гледајќи го декласирањето на шкотскиот претставник со 7-1.