Алкараз по маратон го симна Синер од тронот во Пекинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против Јаник Синер на турнирот во Пекинг по битка која траеше три часа и 24 минути.

Алкараз беше подобар со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 7-6 за да ја оствари третата победа годинава против големиот ривал.

Шпанецот со оваа победа од понеделник ќе биде на втората позиција со 7.010 бодови, додека Синер останува на тронот со 11.010 поени.