Струга бара реакција од Вардар: Нашата управа беше нападната во Скопје!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Струга славеше во дербито против Вардар со 4-1, а по натпреварот реагираше на инцидент кој се случил на северната трибина.

Гостинскиот тим реагира за инцидентот на почетокот на второто полувреме, кога била нападната нивната управа.

„Нема место за насилство во фудбалот. Денеска бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб. Најостро го осудуваме обидот за насилство врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничката екипа на денешниот натпревар. Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот. Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решвање на овој сериозен инцидент. Го повикуваме раководството на екипата на Вардар да го осуди однесувањето на претставниците на клубот“, соопшти Струга.