Голманот на Ц. Звезда се посрамоти, Камавинга „прсна“ од смеење (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Франција славеше против Израел со убедливи 4-1 во Будимпешта во дуелот од Лигата на нации, а мечот почна со голем кикс на голманот на Црвена Звезда, Омри Глазер.

Голманот ги почести „триколорите“, а дури ниту самиот Едуардо Камавинга не можеше да поверува дека топката влегла во мрежата на Израел.

Камавинга не можеше да се воздржи по погодокот и „прсна“ од смеење, а неговата прослава стана хит на социјалните мрежи.