„Форбс“: Роналдо е најплатен фудбалер во светот!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е најплатен играч во светот за 2024 година, според ранг-листата на познатиот магазин „Форбс“.

Роналдо оваа година ќе заработи неверојатни 285 милиони долари, односно од договорот со Ал Наср ќе инкасира 220 милиони, додека преостанатите 65 милиони се од спонзорските договори.

На втората позиција се наоѓа Лионел Меси од Интер Мајами со 135 милиони долари, додека третото место му припаѓа на Нејмар кој заработува 110 милиони евра.