Левандовски стана трет најдобар стрелец, пред него се само Меси и Роналдо


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона продолжи да реди победи во шпанската Ла Лига, откако синоќа со 5-1 ја растури Севилја, а напаѓачот Роберт Левандовски постигна два гола.

Полјакот успеа да стигне до бројката од 366 голови во топ-5 лигите во Европа и стана трет најдобар стрелец во историјата, односно пред него се само две легенди.

Кристијано Роналдо е на втората позиција со 495 погодоци, додека еден повеќе од него има Лионел Меси.