Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Руд Ван Нистелрој смета дека во иднина премиерлигашот ќе се врати на победнички патеки.
Ван Нистелрој дебитираше на кормилото на „црвените ѓаволи“ со победа од 5-2 против Лестер сити во Карабао Купот.
„Кога прифатив да бидам помошник на Ерик, тоа беше затоа што верувам дека Манчестер Јунајтед може да се врати на нивото што го знаев овде како играч. Сè уште го имам тоа верување, но ќе биде потребно време и многу труд. Го видовме потенцијалот на тимот на моменти оваа сезона, но очигледно не доволно често“, кажа Ван Нистелрој пред мечот со „лисиците“.
Легендарниот напаѓач истакна и дека „ѓаволите“ повторно ќе бидат незапирливи како во времето кога тој бил нивни фудбалер.