Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да ја засили одбраната, односно позицијата десен бек по тешката повреда на Дани Карвахал.
На врвот на листата со желби на претседателот Флорентино Перез е ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, но на списокот има и резервни опции.
Доколку Александер-Арнолд не потпише за „кралевите“, тогаш Перез ќе го активира „планот Б“ и ќе се обиде да го купи Педро Поро од Тотнем.
Поро игра одлично во дресот на лондонскиот тим и воодушеви со неговите настапи, па заслужено се наоѓа на листата со желби на Реал и делува како пореална опција од Арнолд.