Скандалозен потег на бивш играч на Атлетико Мадрид: Судија му го заврте грбот, а тој го плукна (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Хјустон Динамо испаднаа веќе во осминафиналето на плејофот за шампион на МЛС-лигата од Сиетл сандерс кои стигнаа до втората победа во оваа серија. Но, натпреварот го одбележа мексиканскиот играч од средниот ред Ектор Ерера поради црвениот картон откако го плукна главниот судија.

Ерера прво доби жолт картон поради прекршок над еден играч на гостите и беше незадоволен што судијата му го покажа картон, а потоа направи срамен потег кој ги шокираше сите.

Кога судијата се сврте, Мексиканецот го плукна, а откако му кажаа од ВАР-просторијата што се случи, без дилема му покажа директен црвен картон и патот до соблекувалната.