Ѓоковиќ откри какви планови има за 2025 година


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зад себе има сезона за заборав, меѓутоа планира во 2025 година да нападне нови трофеи.

Ѓоковиќ му се враќа на тенисот на почетокот на следната година, односно пред Австралијан опен, но останува да реши на кој турнир ќе игра.

„Ќе играм во првата недела од сезоната, но сè уште не сум одлучил на кој турнир“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот не планира да ја заврши кариерата, туку сака да освои уште неколку гренслем-титули до крајот.